Оваа билка ги смирува силните главоболки, ја чисти крвта, го намалува нивото на шеќер…

Копривата е една од најраспространетите билки во природата, но многумина не ја сакаат поради непријатното чувство на пецкање ако ја допрете на гола кожа.

Сепак, копривата претставува вистински спас кога станува збор за многу болести. Секој дел од ова растение е лековит, од коренот до цветот, и секој од нив треба да се најде во вашата кујна.

Копривата помага при силни главоболки, а особено им се препорачува на жените по породувањето. Оваа билка е одличен сојузник во чистење на крвта, помага во намалување на шеќерот, лекува воспаленија на уринарниот тракт и ја стимулира работата на цревата.

Познато е дека помага и при ревма, како и кај болести на црниот дроб и жолчката, несоница итн.

Хемиски состав на копривата

Листот од коприва содржи флавоноиди, каротеноиди, танини и кумарин, додека коренот содржи полисахариди, лектин, кумарин и тритерпен.

Начин на подготовка и употреба на чај од коприва

Прелијте една кафена лажичка иситнет корен од коприва со 150 мл. студена вода и оставете да зоврие. По 10 минути процедете и пијте 3 пати дневно по една шолја.

За подготовка на чај од лист од коприва, прелијте една супена лажица лист од коприва со 200 мл. студена вода и оставете да зоврие. Поклопете и оставете да отстои 10 минути. Процедете и консумирајте 3 пати дневно по една шолја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e