Oва се симптомите на хормонален дисбаланс

Секој месец хормоните го расипуваат вашето добро расположение, кожата и умот. И додека нивното ниво се стабилизира после менструацијата, неколку симптоми како стресот и анксиозноста, можат исто така потполно да го нарушат.

Затоа, треба да ја научите разликата помеѓу нормалните пореметувања на хормоните што се предизвикани од менструацијата и симптомите што ја следат, и вистинско пореметување на хормоните од сериозни причини – пишува Хафингтон пост. Д-р Алиса Двек советува како да препознаете кога е вистинско време да посетите лекар и во која состојба може да се манифестира сериозно пореметување на хормоните.

Замор

Исцрпеноста е една од најчестите симптоми што може да се предизвикани од многу причини. „Доколку сте уморни после недела исполнета со завршни испити или останувањето до доцна на работа, веројатно е сè во ред. Но, ако постојано се чувствувте исцрпено и забележите нагло зголемување на килограмите, варијации во апетитот и необично однесување на цревата, тоа може да биде знак за намалување на функцијата на тироидната жлезда“, вели Двек. Нормално, на сите им се случува да се чувствуваат уморно, но ако за тоа нема значајна причина, побарајте совет од лекар.

Промени на кожата
Мозолчињата се појавуваат од различни причини, но големите и чести акни на долната половина од лицето, може да укажуваат на зголемено ниво на тестостерон – предупредува Алиса Двек. Иако ова не е проблем што ви го загрозува животот, промени на кожата од ваков тип можат да се одразат на психата. Зголеменото ниво на тестостерон многу лесно се регулира и кожата ќе се исчисти со правилна медицинска терапија.

Влакна
Станува збор за многу брз раст на темни вакната на градите, грбот и рацете, што се појавуваат неочекувано. Ова може да укажува на појава на тумор што настанува од пореметување на работата на тестостеронот – истакнува Двек. Не паничете веднаш, овој тип на тумор е ретка појава, а често успешно се третира со лекови и операција.

Чудни менструации

Исто како заморот, необичен менструален циклус може да биде предизвикан од многу фактори како што е стресот, проблем со тироидната жлезда, низок естроген и синдром на полицистични јајници. „Знак дека патите од полицистични јајници е нередовната менструација или целосно нејзино отсуство, а може да биде присутен и губитокот на тежината и појава на влакна на чудни места“, објаснува д-р Алиса Двек. Оваа состојба може да се контролира со исхрана, вежбање и со контрацептивни апчиња, но мора да посетите лекар за да добиете соодветна терапија и да се утврди вистинскиот причинител за проблемите со менструацијата.

Препотување во текот на ноќта
Освен ако во вашата соба е премногу топло, чувството на преголема топлина и потењето при самото будење, може да бидат резултат на ниско ниво на естроген и ретка овулација, но и состојба пред менопауза. „Сосотојбата пред менопауза може да се појави и 10 години порано. Затоа, доколку сте немале големи проблеми со менструација до пред 40-тата година, можеби сте во рана менопауза“, вели Двек. Таа препорачува да посетите лекар во секој случај, за да бидете сигурни дека не се работи за ништо посериозно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e