Ова е највкусниот рецепт за запршка за грав!

Запршката се приготвува на неколку начини, а секој од нив има своја тајна.

Гравот со запршка е омиленото јадење на многумина, иако не спаѓа во најздравите оброци.

Често се наоѓа на трпезата, поради тоа што едноставно се приготвува, но и зашто гравот со запршка не’ потсетува на детството.

Никој не може да го оспори фактот дека традиционалниот чорбест грав е исклучително вкусен, но гравот со запршка, односно гравче-тавче, едноставно нема конкуренција.

Во некои краишта, запршката се прави со свинска маст, а во други со сланина, додека некои прават запршка без брашно.

Класичната запршка за грав се прави од масло, брашно и црвен пипер.

Прв начин:
  • Испржете го брашното додека добие златна боја, додајте црвен пипер и полека разредете го со дел од чорбата.
  • Потоа, сето тоа сипете го во гравот и, по желба, оставете го уште неколку минути на оган.
Втор начин:
  • Најпрво, целосно сварете го гравот.
  • Потоа, во друг сад, пржете 1-2 ситно сечкани главици кромид, додека омекнат, па додајте мелен домат и црвен пипер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e