Откриен лек против рак – еве како ќе функционира?

Научниците од институтот „Синај хелт“ и Универзитетот во Торонто пронајдоа нов лек создаден за блокирање на ензимот неопходен за опстанок на специфични клетки на ракот, кој, како што тврдат, ветува успех во сузбивањето на растот на туморот.

Пред производството на лекот, истражувачите идентификуваа суштински гени за одржливоста на клетките на ракот засилени со CCNE1, кои се карактеристични за некои тешко третирани карциноми на јајниците, ендометриумот и мочниот меур.

Тие откриле дека ензимот PKMIT1 е неопходен во клетките засилени со CCNE1, но не и во инаку здравите клетки. Во соработка со компанијата за прецизна онкологија „Ripper Therapeutic“, тимот разви лек наречен RP-6306, кој ја блокира активноста на PKMIT1 и ефикасно ги убива клетките на ракот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e