Освежувачки коктел со малини за топлите летни денови

Вкусот на овој пијалак е добитна летна комбинација, за сите. Доколку сте љубители на безалкохолните коктели, тогаш ова ќе биде вистински избор за вас.

Мохито малина, е пијалак во кој што може да ужива целото семејство. Едноставно и брзо се прави, има феноменален вкус и изгледа одлично.

По желба, овој коктел може да го направите и со алкохол, но изборот е ваш.

Состојки:

– 3/4 шолји шеќер
– 3 лимети
– 2 чаши свежи малини
– 12-14 крупно исечкани, свежи лисја од нане и неколку цели лисја за декорација
– 1 литар минерална вода со вкус на лимета

Подготовка:

Во загреано тенџере додадете го шеќерот со една шолја вода и мешајте додека шеќерот не се растопи.

Потоа смесата оставете да се излади. Исцедете ги лиметите.

Во голем бокал измешајте 1 чаша малини, нане и сок од лимета. Додадете коцки мраз.

Додадете минерална вода, а потоа измешајте. Исечкајте ги останатите лимети и послужете го пијалакот со декорација по ваш избор.

Доколку сакате да пробате алкохолна верзија од пијалакот, додадете бел рум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e