Осветлете ја косата со само неколку комбинации од природни состојки

Годишно трошиме голема количина на пари за бојадисување и одржување на косата. Козметичките препарати не само што се скапи туку знаат да бидат полни со хемикалии. Затоа ви претставуваме неколку комбинации од природни состојки со кои можете да ја осветлите вашата коса, а истовремено да и дадете и сјај и цврстина.

Лимон, цимет, мед, јајца, јачмен и оцет се само некои од состојките кои можат да ви помогнат.

Еве неколку интересни комбинации:

Мед, оцет и лимета. Лиметата помага во отстранување на вишокот на маснотии од косата, ја прави косата сјајна и ја осветлува. Во загреана вода додадете две лажици мед, две лажици јаболков оцет и сок од половина лимета. Измешајте и оставете да се излади. Откако ќе се излади, нанесете ја смесата на влажна коса. Со смесата масирајте ја главата и оставете ја 20 минути. Потоа исплакнете.

Пивото е богато со витамин Б кој ја одржува косата здрава. Користете пиво без алкохол за подобри резултати, а вашата коса ќе биде густа. Начинот на употреба е многу едноставен- еднаш неделно треба да го масирате пивото во вашата коса и да го оставите да отстои 15 минути. Остатоците отстранете ги со плакнење.

Оцетот како и пивото може да помогне при осветлување на косата. Ефтино и без ризик по скалпот. Измешајте лажица оцет со шест лажици вода. Нанесете на косата и оставете го 15 минути. Исплакнете со топла вода.

Камилицата има бројни здравствени придобивки. Сварете две чаши вода и ставете во неа пет кесички чај од камилица и две лажици сок од лимета. Откако ќе се излади и истурете ја течноста во шишенце со спреј. Испрскајте ја целата коса рамномерно. Откако ќе се исуши ставете регенератор и исплакнете.

Смеса од цимет и регенератор. Циметот е состојка во многу производи достапни на пазарот затоа што покрај тоа што неговата арома и вкус се единствени. Циметот е добар и кога станува збор за третман на коса, бидејќи со него можете да добиете посветла боја на косата. Три лажици цимет и половина чаша балсам за коса. Добро промешајте додека не се добие густ крем. Оставете да отстои три до четири часа откако ќе го нанесете на вашата коса. Измијте го со вода и исплакнете темелно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e