Опасни и штетни, еве зошто картонските кутии од јајца треба да се фрлат по првата употреба

Многумина ги чуваат празните кутии од сладолед, картонските кутии од јајца, кеси или пластични садови. Сепак, тие немаат поим колку оваа навика може да биде и штетна.

Кога станува збор за картонските кутии од јајца, приказната е нешто поинаква и треба да се внимава повеќе отколку што мислиме.

Во политиката за квалитет на јајцата е наведено дури и дека малите пакувања не смеат повторно да се користат. Според словенечкиот Институт за јавно здравје, картонските кутии или кутиите со јајца мора да се фрлат по првата употреба.

Кутиите за јајца се направени од картон – и тука лежи суштината на проблемот.

Тоа е материјал кој не може да се чисти и измие, па затоа често е контаминиран со микроби и бактерии.

Исто така, секогаш добро измијте ги рацете после ракувањето со јајцата и амбалажата за да спречите пренос на несакани микроби.

За да спречите пренос на микроби и бактерии од јајцата на друга храна, треба да го практикувате следново:

-избегнувајте да ставате јајца или амбалажа од јајца на чиста работна површина;
-кога ги кршите живите јајца задолжително внимавајте на тоа содржината од јајцето да не дојде во допир со надворешната површина од лушпата;
-сиот прибор, садови и радната површина кои биле во контакт со јајцата или амбалажата за јајца мора темелно да се исчистат;
-празните пакувањеа веднаш фрлете ги и немојте повторно да ги користите;
-детално измијте ги рацете после ракувањето со јајцата и/или амбалажата за јајца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e