Од што зависи моќниот имунитет кај човекот?

Доколку не ги храните бактериите, тие нема да можат да ја извршат својата улога во регулирање на имуниот одговор.

Здравата исхрана, редовната физичка активност, сонот – сето тоа има влијание на нашиот имунитет. Кога станува збор за исхраната, многумина сметаат дека витамините и минералите се најважни, но имунологот Хедер Модеј истакнува дека нешто друго е поважно од тоа.

„Доколку навистина сакате да си направите услуга себеси, тогаш обрнете внимание колку растителни влакна внесувате секојдневно“, истакнува таа.

Зошто растителните влакна се важни за имунитетот

Околу 70 отсто од нашиот имун систем се наоѓа во цревата, поради тоа важно е дека балансот или дисбалансот на бактериите во цревата има значајно влијание на имунитетот. А, што е важно за да го одржиме балансот со овие бактерии или микроби? Растителните влакна!

Имено, растителните влакна кои ги внесуваме со исхраната се добри за бактериите во цревата.

„Доколку тие бактерии не ги храните, истите нема да можат да ја извршат својата улога во регулирање на имунитетот“, предупредува имунологот Модеј.

Експертите истакнуваат дека поголемиот дел од луѓето денес не внесуваат доволно растителни влакна. Препорачаното внесување е најмалку 38 грама дневно за мажите и 25 грама за жените, додека пак просечен човек внесува до 16 грама растителни влакна дневно.

Едноставен начин да го зголемите внесувањето на растителните влакна, како што вели имунологот Модеј е во салатата или смутито да додадете една лажица ленено семе. Чиа семето исто така содржи доволна количина на растителни влакна, како и слаткиот компир, авокадото, малините.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e