Чоколадото се користи уште од античко време за лекување на некои здравствени проблеми, но новото истражување покажа дека е корисно и за слабеење.
Сигурно сте ја сметале чоколадата за храна која строго спаѓа во категоријата на слатки – но грешите. Покрај тоа што може да не разбуди и да ни ги разбистри мислите, чоколадото позитивно влијае и на целокупното здравје.
Науката уште еднаш го потврди и поттикна конзумирањето чоколадо. Имено, според истражувањето спроведено од експерти од Бригам во САД, чоколадото ги подобрува когнитивните функции на мозокот. Со оглед на тоа што ни е важно мозокот да функционира во текот на работниот ден, научниците дошле до единствениот логичен заклучок: чоколадото најдобро е да се јаде за појадок.
Добивајте вести на Viber
Иако чоколадото е преполно со калории, содржи состојки кои помагаат при слабеење, веруваат експертите. За да тестираат дали чоколадото може да помогне при слабеење, секоја жена јадела 100 грама чоколадо во рок од еден час по будењето или во рок од еден час пред спиење. После овој експеримент, откриено е дека жените кои јаделе чоколадо во раните утрински часови побрзо ги намалувале килограмите. Други студии покажаа дека чоколадото е добро за срцето и дека конзумирањето на одредени видови чоколадо може да помогне во регулирањето на крвниот притисок, чувствителноста на инсулин и нивото на холестерол.