Новиот сој на корона вирус ги исплаши научниците

Нов сој на коронавирус беше откриен во ноември, доби шифра Б.1.1.529 и досега е евидентиран само кај десет пациенти. Сепак, експертите се плашат од фактот дека содржи дури 32 мутации.

Новиот сој првпат беше откриен во Боцвана, каде досега се откриени три случаи. Уште шест беа потврдени во Јужна Африка и еден во Хонг Конг, со патници кои се враќаа од Јужна Африка. Иако досега има само 10 потврдени случаи, научниците се загрижени бидејќи новиот вид на ковид носи „исклучително голем број“ мутации, што може да предизвика нови бранови на болести, пишува „Гардијан“.

Имено, B.1.1.529 има 32 мутации во протеинот шилец, кој повеќето вакцини го користат за зајакнување на имунолошкиот систем против ковид. Овие мутации би можеле да ја зголемат способноста на вирусот да се шири, како и да им отежнат на имуните клетки да го препознаат и да го „нападнат“.

Рави Гупта, професор по клиничка микробиологија на Кембриџ, вели дека открил дека две мутации во B.1.1.529 ја зголемиле инфективноста и го намалиле препознавањето на антителата.

„Ваквите мутации секако се причина за загриженост“, рече тој. „Сепак, клучното својство на вирусот што е непознато е неговата заразност“.

Професорот Франсоа Балу, директор на Институтот за генетика на Универзитетот во Лондон рече дека голем број мутации на овој вид очигледно се акумулирале во „еден налет“, што укажува на тоа дека вирусот еволуирал за време на хронична инфекција кај лице со ослабен имунолошки систем, веројатно нелекуван пациент со ХИВ.

„Во оваа фаза е тешко да се предвиди колку може да биде пренослив овој вид. „Засега треба внимателно да се следи и анализира, но нема причина за претерана загриженост освен ако не почне да расте во блиска иднина“, рече Балу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e