Неколку причини зошто треба почесто да јадете диња

Дињата е одличен извор на растителни влакна, А, Ц, Б6 витамини и фолна киселина, како и калиум.

Какви придобивки има ова вкусно овошје за вашето здравје?

Го хидрира телото

Со оглед на тоа дека 90% од составот на дињата се вода, електролити, витамини и минерали, ова овошје е одличен избор за летните денови.

Помага во процесот на слабеење

Дињата содржи малку калории и многу вода, а со часови ќе ве држи сити. Освен тоа, влијае добро на дигестивниот систем и го ослободува телото од гасови и токсини.

Го намалува ризикот од рак

Дињата е одличен извор на антиоксиданти како што се бета-каротин, лутеин и зеаксантин. Овие антиоксиданти ги намалуваат процентот на слободните радикали во телото кои го зголемуваат ризикот од настанување на рак на дебелото црево, простатата и белите дробови.

Го чува здравјето на очите

Благодарение на високиот процент на витамините А и Ц, дињата може да го намали ризикот од настанување на болести на очите за дури 36%. Се препорачува секојдневно да јадете диња во комбинација со морков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e