Неколку причини зошто е препорачливо да јадете сливи

Кога ќе дојде лето, многумина не можат да замислат ден без консумирање сливи. Ова овошје е практично за носење на работа или на тренинг, бидејќи не бара никаква опрема за подготовка, заситува и лесно се вари.

Освен тоа, сливите се исклучително хранливи, содржат многу витамини и минерали, како и влакна и антиоксиданси, кои штитат од широк спектар на болести.

Доколку сè уште не сте вклучиле свежи сливи во вашата секојдневна исхрана, еве неколку причини зошто е препорачливо да го правите тоа.

1. Содржат многу хранливи материи

Во 100 грама сливи има 30 калории, осум грама јаглени хидрати, седум грама шеќер, еден грам влакна, а има и витамини А, Б, Ц и К.

Покрај тоа, секој плод од слива содржи магнезиум, калиум, фосфор, бакар и манган.

2. Богати се со антиоксиданси

Сливите се богати со антиоксиданси, кои благотворно делуваат на намалување на воспаленијата и ги штитат клетките од слободните радикали.

Тие се особено богати со полифеноли, кои имаат позитивни ефекти врз здравјето на коските и можат да помогнат во намалување на ризикот од срцеви заболувања и дијабетес.

Некои студии покажуват дека сливите содржат двојно повеќе полифеноли од нектарините.

3. Позитивно делуваат на нивото на шеќер во крвта

Иако се доста богати со јаглени хидрати, сливите не предизвикуваат значително зголемување на шеќерот во крвта.

Ова се припишува на нивниот потенцијал да го зголемат нивото на хормон кој игра улога во регулирањето на шеќерот во крвта.

Покрај тоа, влакната во сливите може делумно да бидат одговорни за нивното влијание врз шеќерот во крвта. Имено, влакната ја забавуваат брзината со која нашето тело ги апсорбира јаглехидратите после оброк, што доведува до постепено зголемување на шеќерот во крвта, но не и до нагло скок на шеќерот во крвта.

4. Пријател на срцето

Редовното консумирање сливи може да има позитивни ефекти врз здравјето на срцето. Тие се проучувани поради нивниот потенцијал да го намалат високиот крвен притисок и нивото на холестерол, кои се главни фактори на ризик за срцеви заболувања.

Позитивните ефекти на свежите и сувите сливи врз факторите на ризик од срцеви заболувања веројатно се должат на големата количина на влакна, калиум и антиоксиданси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e