Неколку чекори кои ќе ви помогнат полесно да се откажете од цигарите

Почетокот на годината е идеално време да се ослободите од сите негативни навики од кои долго сте сакале да се ослободите, но не сте биле сигурни кога и како.

На самиот врв на листата на новогодишни одлуки е онаа за откажување од пушење цигари.

Со секое вовлекување на цигарата, внесувате преку 4.000 различни хемиски соединенија произведени со согорување, а со тоа ги уништувате клетките на вашето тело.

Иако одамна се познати негативните ефекти на пушењето врз здравјето и животот на луѓето, одлуката да се откажете не е лесно да се донесе.

Ви носиме 5 чекори кои ќе ви помогнат полесно да се откажете од цигарите.

Донесете одлука

Една од најтешките одлуки за пушачите е да се откажат од пушењето. Во денешно време луѓето уште повеќе одлучуваат да се откажат од пушењето поради нивната финансиска состојба.

Она што може да ви помогне на тој пат е да стекнете голем број нови навики кои ќе ги практикувате во текот на денот, а кои ќе ви ја заменат цигарата. Воведете рутина за трчање навечер или наутро, пред да одите на работа – додека вашите колеги губат дел од работното време на цигари, вие трошете на истегнување. Важно е да започнете решително.

Цел

Поставете краткорочни цели. Обидете се да престанете еден месец. Немојте да мислите дека никогаш повеќе нема да пушите ако сте страствен пушач и многу ја сакате цигарата. Краткорочните цели ви помагаат да останете фокусирани на она што се обидувате да го постигнете, а штом ќе ја постигнете таа цел, поставете си нови.

Ослободете се од „ритуалните цигари“

Цигарите додека возите или додека стоите во гужва се едни од најтешките за избегнување. Купете си јаткасти плодови кои секогаш ќе ги имате со вас за критични ситуации. Ритуалните цигари најчесто се причина зошто пушачите пушат и особено тешко се ослободуваат од нив. Наместо ритуал за пушење, најдете нов ритуал. Прошетајте по ручекот, зачистете го станот наутро по појадокот или читајте, најдете нова навика за да не размислувате за цигарите.

Организација

Ако пушите кутија цигари дневно, а цигарата гори во просек седум минути, имате вишок 2 часа и 20 минути. Организирајте го вашиот дневен распоред за да го искористите тоа вишок време. Запишете се на ново хоби, нова физичка активност.

Ментален ефект

Не е лесно да се ослободите од една од најголемите и најпристапните зависности и не треба да очекувате дека ќе се чувствувате одлично, барем не на почетокот. Ако не ја зголемите физичката активност, нема да имате каде да се ослободите од негативните емоции, па вежбањето е одлично.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e