Летниот период и временската нестабилност се релативно чести и со себе носат непријатни појави како грмотевици.
Опасности од туширањето
Постои уште една потенцијална опасност да ве удри гром додека мислите дека сте целосно безбедни, кога се туширате, бањате, па дури и кога миете садови. Бидејќи молњите може да патуваат низ водните линии, американскиот Центар за контрола и превенција на болести советува дека е најдобро да се избегнуваат сите активности кои вклучуваат контакт со вода за време на грмотевици.
Дополнителни опасности кои можат да настанат со удар на гром, иако сте безбедни, се балконите затоа не стоете во близина на прозорци и врати.
Совет од центарот е при грмотевици да не користите ништо што е приклучено на штекер во тој момент, како компјутер и мобилен телефон.
По невремето, се препорачува да останете во затворен простор.
Ако сте на отворено, треба да избегнувате засолниште под високи осамени дрвја на отворен простор, како и плажи, отворени полиња и ридови, бидејќи тоа се екстремно ризични области.
Исто така, не се приближувајте до ништо што е метално. Ако надвор ве фати бура, треба да отидете на најниските места, под ниски дрвја или грмушки, да истрчате кон долините или ниските области на шумата.