Наскоро алкохол од кој нема да имате мамурлак

Британскиот научник Дејвид Нар, веќе подолго од една деценија работи на развој на синтетичка замена за алкохол, кој го нарекува алкарел (Alcarelle).

Тој тврди дека тој синтетички пијалок, на „љубителите на алкохол“ ќе им овозможи уживање во алкохолот, а притоа да нема да имаат никакви последици, односно мамурлак, заболување на црниот дроб или карцином, кои би биле поврзани со пиење на голема количина на алкохол.

Алкохолните пијалоци изгледаат како релативно безопасен и едноставен начин за опуштање на забава и смирување после напорниот работен ден. Меѓутоа, прекумерната консумација на алкохол, доведува до исцрпување, мамурлак, срцеви болести, различни видови на рак и нормално, можна е психофизичка зависност од него.

Нат верува дека неговата синтетичка формула може да делува на организмот на начин со кој ќе ги избегне нус појавите.

„Ефектите од алкохолот се комплицирани, но може да цели кон делови од мозокот со кои вие сакате“, вели Нат, кој сега работи на тоа да го обезбеди познатиот ефект на овој синтетички молекул на алкохол, а притоа да го спречи секој оној кој пие – „да ја премине линијата“.

Неговиот план е Алкабел да биде пијалок кој нема да има никакво токсично дејство, со што би се спречиле здравствените проблеми, бидејќи, нормално, никој не сака мамурлак.

Со цел да го произведе својот вештачки алкохол и да ја продаде својата формула за дестилерии, Нат пред три години основал старт ап компанија Алкарел. Тогаш рекол дека сите потребни тестови ќе ги заврши за пет години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e