Народен напиток со кој болките во желудникот исчезнуваат по првата испиена чаша

Сè повеќе луѓе се соочуваат со гастритис, кој подразбира воспаление на желудочната слузокожа и истото е проследено со ждригавица, надуеност и болки при внесување на храна.

Гастритисот може да биде акутен или хроничен проблем и многу често настанува поради присуство на хеликобактер во организмот. Освен тоа, појавата на оваа нималку пријатна состојба може да ја предизвика и консумирањето на лекови, храна и пијалаци кои го иритираат желудникот, многу кафе, газирани сокови или пржена храна.

Оваа состојба е предизвикана од зголеменото лачење на желудочна киселина, а најдобро и најефикасно се лекува со овој народен напиток кој никако не може да му наштети на желудникот:

Потребни состојки:

– 300 гр. тиква

– 2 лажички мед

– 1 лажичка јаболков оцет

Начин на подготовка:

Во блендер изблендирајте ги парчињата сирова тиква, додајте 2 лажички мед и 1 лажичка јаболков оцет. Ако е премногу густо, можете да додадете и малку вода.

Вака приготвениот напиток консумирајте го во текот на денот, преку мали голтки. Потребно е да испиете една помала чаша во текот на денот.

Од ваквиот напиток, болката моментално престанува, а сокот од сирова тиква кој е многу вкусен, можете да го вметнете во вашето дневно мени бидејќи истиот изобилува со витамини и минерали и е одличен за здравјето на целокупниот организам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e