Направете вкусна чорба од сирење

Пробајте го рецептот за оваа интересна чорба која во себе содржи интересни состојки, но вкусот е феноменален.

Омилен алкохолен пијалак за повеќето луѓе е пиво, а сега токму пивото може да го искористите да направите чорба.

Неверојатна кремаста чорба од пиво и сирење е одлична за вечера, но и за ручек. Наместо во чинија, може да издлабите округлесто лепче, па да ја ставите чорбата во него и да послужите на тој начин.

Исто така може да ја декорирате со крцкава сланина, но сигурни сме дека досега ваква чорба не сте пробале.

Потребни состојки:

– 1 кромид;
– 3 моркови;
– 2 целери;
– 6 лажици путер;
– 1/2 шолја брашно;
– 480 милилитри пиво;
– 2 шолји пилешки бујон;
– 1 шолја павлака за готвење;
– 230 грама чедар;
– 2,5 шолји тврдо сирење по желба;
– 1 лажица сенф во прав;
– сол, бибер, пипер, лук во прав.

Начин на подготовка:

Исечкајте го кромидот, целерот и морковите. Ставете ги во поголемо тенџере и динстувајте додека зеленчукот не омекне. Додадете брашно, па мешајте додека не почне да згуснува, додадете го пивото, бујонот, павлаката за готвење и гответе на тивок оган.

Повремено мешајте и оставете ја смесата така околу 5 минути. Додадете го сирењето, па зачините, мешајте додека сирењето не се стопи, додадете го и чедарот.

Украсете ја чорбата со пропржена сланина или магдонос, по желба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e