Направете маска за лице со свеж сок од морков

Освен тоа што е евтина, оваа природна маска за лице е подобра од ботокс, а резултатите ќе ги забележите уште по првото користење.

Потребни состојки:

– 1 лажичка густин

– 5 лажички свеж сок од морков

– 1 лажичка кисело млеко

Начин на припрема:

1. Растопете го густинот во половина чаша вода, ставете го во еден сад и додајте уште 100 милилитри врела вода. Гответе на тивок оган сè додека не се згусне.

2. Кога малку ќе се излади, додајте го сокот од морков и киселото млеко.

3. Добро промешајте и нанесете ја маската на исчистено лице.

4. По 30 минути измијте го лицето со топла вода и нанесете хидратантна крема.

За најдобри резултати, нанесувајте ја маската за лице 3 дена по ред. Оваа маска ги отстранува трагите од умор и ситните брчки, а кожата станува позатегната и мазна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e