Намирници кои поттикнуваат детоксикација на организмот

На организмот му е потребно повремено чистење и ослободување од токсини со помош на детоксикација. За да му помогнете на црниот дроб, мора да јадете намирници кои поттикнуваат детоксикација.

Лубеницата содржи голема количина на Л-цитрулин, аминокиселина која во бубрезите се претвора во аминокиселина Л-аргинин која го чисти амонијакот и другите отрови од телото. Исто така е одличен извор на калиум кој помага при чистење на организмот, а исто така помага и за ослободување од наталожените килограми.

Наутро на празен стомак испијте свежа лимонада без шеќер бидејќи ќе ви помогне да се ослободите од токсини.

Лимонот го алкализира организмот и помага да се врати pH рамнотежата.

Чајот од коприва е одличен за летно чистење на организмот. Копривата го прочистува телото и помага за намалување на шеќерот во крвта. Исто така го зајакнува имунитетот и ја стимулира работата на цревата.

Правете свежи салати со спанаќ, кељ и блитва и зачинете со маслиново масло и лимон. Исфрлете го маргаринот од употреба.

Цвеклото е богато со антиоксиданти, витамини, калциум и железо и е одлична намирница за детокс на организмот.

За детокс на организмот важно е да бидете физички активни бидејќи со потењето се ослободувате од токсините во телото. Наместо да седите пред телевизор, вежбајте, одете во природа или на излезете, возете велосипед или занимавајте се со некој друг спорт. Доколку одите на море, пливајте што е можно повеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e