Намирници ефикасни во борбата против стресот

Во секојдневниот живот каков што го водиме денес повеќето луѓе доживуваат огромно ниво на стрес и вознемиреност.

Тоа може директно да влијае на физичкото здравје, особено на кардиоваскуларниот и имунолошки систем. Кога се наоѓате во таква состојба на стрес, лесно е возможно да не можете да јадете, да не чувствувате глас, но научниците истакнуваат дека овие пет намирници можат да помогнат во борбата со вознемиреноста и стресот.

Чоколадо со голем процент на какао

Зрно какао како и концентрација на путер од какао има позитивен ефект на здравјето. Го намалува нивото на стрес, а делува веднаш.

Боровинки

Сувите боровинки се одличен извор на витамин Ц кој делува веднаш. Сувите зашеќерени боровинки се како мали бомбици кои во истиот момент шират антиоксиданси и витамин Ц по телото. Кога ќе осетите вознемиреност, телото веројатно веднаш ќе побара таква храна.

Грчки јогурт со овошје

Јогуртот е најдобрата суперхрана ако сакате да ја преземете контролата над менталното здравје. Грчкиот јогурт го контролира претераното емоцинално оптоварување кое ги храни стресот и вознемиреноста, јогуртот со здрави бактерии е одговорен за борбата против стресот и депресијата.

Авокадо

Авокадото помага за кардиоваскуларниот систем, кожата, косата и мозокот. Богат е со витамини, калиум, фолна киселина, влакна и други хранливи состојки.

Бадеми

Богати се со витамините Е и Б, селен и цинк. Бадемите исклучително позитивно влијаат на менталното здравје и општо на мозокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e