Најевтина намирница за изгореници од сонце ја имате дома

Летото е период кога сите уживаме, но често знаеме да се изгориме од сонцето. Решението се крие во евтина намирница.

Изрендајте краставица, па исцедете го сокот кој ќе го пушти. Мачкајте ја кожата три пати дневно и црвенилото веднаш ќе се смири. Тенот ќе ви остане, а кожата ќе биде нежна и мазна.

Тен на кој сите ќе ви завидуваат, применете ги овие совети
Секое лето сакаме да имаме тен на кој сите ќе ни завидуваат, а честопати не избираме најздрави начини да го добиеме. Лежењето на сонце неколку часа може да биде многу опасно за нашата кожа.
Сепак, не треба да се откажеме од тоа да се препуштиме на сонцето и мрзливо да се излежуваме на плажа, треба само да внимаваме на неколку работи.

Често забораваме дека ќе постигнеме тен дури и ако не се сончаме за време на периодот кога сонцето е најсилно, помеѓу 11 и 15 часот. Од најсилното сонце треба да се пазат луѓето со светол тен и луѓе кои имаат повеќе од 20 бемки. Доколку останете на сонце во овој период, не заборавајте да ги заштитите сите делови од телото со облека и да нанесете производи со соодветен фактор на заштита.

Всушност, најдобро да се избегне продолжено изложување на сонце и да го поделиме сончањето на неколку дена во пократки периоди. Сончајте се до 2 часа на ден и вашата кожа ќе ви биде благодарна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e