Најбрзиот и најевтин посен колач: Брзо и вкусно

Доколку сте љубител на брзи колачи, а сакате слатко и сте на пост, овој рецепт за колачи сигурно ќе ви се допадне.

Се прави од она што го има секоја куќа: брашно, масло, шеќер, џем. Готов е за половина час, а во тоа е вклучено миење на садовите.

Ви донесуваме рецепт за брз колач (за 10 лица).

Состојки

– 1 чаша шеќер;

– 3 чаши брашно;

– 1 кесичка прашок за пециво;

– 1/2 чаша масло;

– 1,5 чаши вода;

– 2-3 лажици џем од кајсии (или кој било друг);

– чоколадна глазура.

Можете да додадете малку цимет, суво грозје… За премачкување користете џем од кајсии (или кој било друг што сакате).

Подготовка

1. Вклучете ја рерната на 200 степени. Додека се загрева, треба да ги измешате сите состојки во еден сад. Не користете миксер, туку обична маталка или лажица. Плехот намачкајте го со масло и посипете го со брашно или презла. Истурете ја смесата во тавата и печете дваесет минути.

2. Испечениот колач треба да се премачка со џем, колку сакате. Можете да го посипете со мелени ореви или да го прелиете со растопено чоколадо.

Послужување

Шолјата која ќе ви послужи како мерка е со големина од 2 дл.

Во оваа смеса можете да додадете суво грозје, брусница, половина јаболко или цело рендано јаболко, пишува Б92.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e