На што треба да внимавате по пиењето на антибиотици?

Од употребата на антибиотици може да дојде до нарушување на рамнотежата во цревната флора, а еве како да го решите тој проблем.

Антибиотиците ги уништуваат бактериите, но често на нивниот удар се наоѓаат и оние „добри“ бактерии, со што се нарушува рамнотежата во цревната флора. Комбинацијата од консумирање на антибиотици, консумирањето на преработена, слатка храна и стресот, може уште повеќе да ја загрози рамнотежата во нашите црева.

Во нашите црева во просек живеат околу 400 видови на бактерии. Кога ќе се наруши рамнотежата во цревната флора, ќе се размножат штетните организми како габи, паразити, ешерихија коли и слични штетни бактерии. Така може да дојде до кандидијаза, алергија, синдром на хроничен замор, појава на егзема… Поради тоа е многу важно да се одржи оптималниот број на корисни бактерии во цревата.

Еве како да ја обновите рамнотежата во цревната флора по терапијата со антибиотици

Најпрво е потребно со здрава исхрана да го одржите бројот на корисни бактерии. Тоа ќе го постигнете така што исхраната ќе ви биде богата со пробиотици, несварливи влакна кои го подржуваат развојот на здравите бактерии. Се препорачува да јадете големи количини свежо овошје и зеленчук.

Избегнувајте ги преработените шеќери кои го стимулираат развојот на габи и штетни бактерии. Не се препорачуваат ниту засладени овошни сокови ниту премногу слатко овошје.

На здравиот систем за варење му се неопходни и пробиотици, односно корисни бактерии. Имено, тие ја регулираат pH рамнотежата во цревната флора и се борат против патолошките бактерии. Поради тоа се препорачува да јадете кефир, јогурт, закиселен зеленчук, комбуха…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e