Мудро против стресот! Практични совети за здрава психа!

Многу е тешко во потполност да го елиминирате стресот од секојдневниот живот, но можете да превземете чекори за да го задржите „под контрола“ и да ги спречите погубните реакции за здравјето кои потекнуваат од него.

Доколку списокот на вашите дневни обврски станал преобемен и пренапорен, следете ги овие совети и ослободете се од притисокот кој ја намалува вашата продуктивност. За секое време на денот постои посебен режим и посебен ритуал за ослободување од стресот.

Наутро

nautro

Не го одложувајте будењето. Првата грешка се случува дури и пред да станете од креветот. Додатните десет минути сон нема да ви значат ништо за количината на енергија во текот на денот и многу поголема трагедија е ако за тие неколку минути го прескокнете појадокот или во брзањето не спакувате се’ што ви е потребно за на работа. Станете во точното време кога сте испланирале да станете претходниот ден, и започнете го денот со чист и смирен ум.

Раздвижете се. Докажано е дека физичката активност на најдобар начин ја намалува анксиозноста и депресијата. Пешачењето, вежбањето или било саков спорт можат да бидат се’ што ви е потребно да ја реорганизирате вашата дневна рутина, да внесете во својот ден дополнителна позитивност.

Попладне

img_03ac9106709ed37cf14bb580a4417176_2_800x600

>Не правете сто работи одеднаш, туку една по една. Ова звучи едноставно и логично, но всушност може да го промени денот кој е пред вас во потполност. Во текот на целиот ден морате да бидете флексибилни и „да ги менувате брзините“. Сепак, не смеете на себе да си дозволите во исто време да работите на три проекти и на екранот на вашиот компјутер да бидат отворени десетина прозорци одеднаш. Кога во еден момент премногу се случува околу вас, неминовно е дека ќе ве обземе тешкотија и стрес.

Не заборавате да се смеете. Позитивното расположение ја смирува напнатоста и ги ублажува реакциите на грешките и проблемите кои настануваат во текот на работата. Исто така, доброто расположение со себе носи и долгорочни предности. Смеењето докажано го подобрува вашиот имунолошки систем. Повикајте близок пријател, погледнете смешна видео снимка, или прочитајте ја колумната од вашиот омилен писател. Овие мини-паузи позитивно ќе влијаат на вашето чувство за одговорност, ве „освежуваат“ и ви влеваат нова сила.

Навечер

1-10-prichini-zoshto-chitanjeto-knigi-mozhe-da-ve-napravi-posrekjni-kafepauza.mk_

Уживајте во квалитетното време поминато со себе. Во вечерните часови дозволете му на вашиот мозок да се „рестартира“ и запамтете дека нема ништо себично во тоа да останете  сами. Вечерните ритуали без модерна технологија и светлечки екрани ќе му помогнат на вашето тело да се смири. Обидете се со шолја топол чај, со неколку поглавја од омилената книга или со долго опуштање во кадата.

Бидете благодарни и честитајте си самите на себе. Ако тоа утро сте успеале да се разбудите рано и да направите мини тренинг, или едноставно сте ги постигнале сите свои работни обврски, на крајот на денот кажете си на себе „Секоја чест!“. Ако пред одењето на спиење размислувате за тоа што сте го постигнале и сработиле во текот на претходниот ден, наместо за обврските кои вас ве чекаат наредниот, ќе се разбудите смирени, без стрес и напнатост и подготвени за нови работни успеси.

Клучните совети се – Движете се, дишете длабоко, смејте се, слушајте музика, консумирајте чаеви, овошје и зеленчук во доволни количини, дозволете си масажа и бидете упорни во градењето здрави животни навики.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e