Чај од магдонос – како правилно да го подготвите за слабеење?

Магдоносот е еден од најпопуларните зачини во светот, без кој многу јадења се незамисливи, а може да се најде во секоја продавница, свеж или сув. Но, сепак е повеќе од зачин бидејќи има многу здравствени придобивки. Мгданосот освен како зачин може да го применувате во секојдневниот живо и како лек за многу здравствени проблеми.

Магдоносот како лек

Иако навидум е многу едноставна билка, магдоносот е полн со витамини и минерали, без разлика дали станува збор за неговиот корен или лист. Најмногу содржи калиум, калциум и фосфор, па железо, манган, магнезиум и бакар. Тој е исто така богат со витамин Ц, и содржи многу повеќе отколку, на пример, лимонот. Еден лимон содржи 65 милиграми витамин Ц, а лисјата на страк магдонос содржат дури 166 милиграми. Но, коренот од магдонос сепак има помал процент на витамин Ц во споредба со неговите лисја, така што обично само лисјата се користат за правење чај од магдонос. Еве зошто треба да го пиеме секој ден.

1. Моќен извор на антиоксиданти

Покрај витаминот Ц, познат антиоксиданс, магдоносот содржи и витамини А, К и Е, кои ги штитат нашите клетки од ефектите на слободните радикали. Исто така, каротеноидите, флавоноидите и токоферолот играат голема улога во заштитата на организмот од дијабетес, срцеви заболувања, па дури и развој на туморни клетки.

Една студија дури потврди дека екстрактот од магдонос може да спречи оштетување на ДНК и да го блокира ширењето на клетките на ракот.

2. Ги исфрла токсините од телото

За магдоносот е познато дека прави детоксикација на целиот организам. Доколку сакате да го прочистите вашето тело, најдобро решение е да пиете чај од магдонос, особено ако сте консумирале премногу алкохол или масна храна. Бидејќи е диуретик, тоа ќе го подобри излачувањето на урината, а со тоа ќе одат и токсините. Магдоносот ја убива и упорната бактерија Ешерихија коли во урината.

3. Ја прочистува кожата

Магдоносот има одличен ефект и на кожата – ја чисти, го смирува воспалението и спречува појава на акни и мозолчиња. Од него можете да направите и тоник: истурете врела вода врз неколку лисја од магдонос и оставете да отстои додека не се излади водата.

Исцедете ја течноста и пренесете ја во стерилно пластично шише со пумпа. Нанесете го тоникот на чисто лице пред серумот и кремот, и држете го на суво и темно место.

4. Регулира нередовна менструација

Жените кои имаат проблем со болна и нередовна менструација треба да пијат чај од магдонос. Имено, соединенијата миристицин и апиол во магдоносот влијаат на производството и регулацијата на хормонот естроген и го стимулираат протокот на менструална крв.

Сепак, мајките што дојат треба да се консултираат со лекар пред да консумираат чај од магдонос, бидејќи тоа може да го намали лачењето на млеко.

5. Спречува ревматоиден артритис

Храната богата со витамин Ц, како магдоносот, се покажа како успешна во спречување на појава на ревматоиден артритис. Чајот од магдонос е клучен за здравјето на коските како резултат на калциум, а особено витамин К, кој двојно се ослободува во овој топол пијалок.

6. Го подобрува здивот

Ако страдате од лош здив и непријатно ви е да разговарате со други во живо, магдоносот може да ви помогне. Џвакајте ги неговите лисја или пијте чај од магдонос за да ги убиете бактериите во усната шуплина и да го отстраните забниот плак.

Чај од магдонос

Овој многу вкусен пијалок е лесен за правење и потребни ви се само две состојки:

-15 грама лисја од магдонос

-250 мл вода

Измијте ги и исечете ги лисјата и зовријте ја водата. Прелијте го магдоносот со врела вода и оставете го да стои пет до десет минути. Исцедете го и додадете лимон и/или мед по желба.

Чај од магдонос за слабеење

Магдоносот во комбинација со анасон ќе помогне во регулирање на телесната тежина. Сепак, не пијте го повеќе од три пати на ден во период од три дена за да спречите несакани ефекти.

Потребни состојки:

-една лажичка семе од анасон
-сецкан магдонос
-лимон
-мед

Зовријте 250 мл вода и со неа прелијте ги семето од анасон и магдоносот. Оставете чајот да отстои околу 20 минути, исцедете го и оставете го да се излади малку. Потоа додадете лимон и мед по вкус.

Раствор од магдонос за отечени очни капаци

Бидејќи ја подобрува циркулацијата и го поттикнува исфрлањето на течностите, можете да го користите и против отечени очни капаци. Прелијте една рака магдоност со еден децилитар врела вода и оставете го да стои 15 минути. Натопете памук или газа во растворот и ставете ја на очните капаци. Држете ја најмалку половина час.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e