Моќен антибиотик и антисептик – сте слушнале ли за ехинацеа?

Ехинацеа е билка која нуди нова надеж на лицата кои имаат проблеми со чести инфекции, пад на имунитетот и имаат резистенција кон голем број антибиотици.

Луѓето кои се занимаваат со народна медицина, за ехинацеата имаат само убави зборови. Тие велат дека таа е моќна билка чие дејство не може да се спореди со ниедна друга билка. Таа е моќен природен антибиотик, чистач на лимфата и голем подржувач на имунитетот. Ехинацеата потекнува од Северна Америка и има многу типови од кои : Echinacea purpurea, Echinacea angustifolia и Echinacea pallida, покажале најдобро делување врз човековиот организам.

Ехинацеата содржи многу лековити компоненти кои кога би ги набројувале би направиле навистина голема листа. Многу од тие соединенија се ретки и ретко се наоѓаат во другите билки. Освен лековитите соединенија, ехинацеата е богата со многу етерични масла, кои козметичката и фармацевтската индустрија ги користи за изготвување на многу препарати кои се делотворни за човековата кожата и целиот организам. Научниците велат дека овие масла покажале одличен ефект и во борба против клетките на разни видови тумори. Оваа билка се користи од корен до цвет, од неа можат да се прават чаеви, тинктури, таблети и многу други лековити препарати, но научниците советуваат пред да се користи ехинацеата да се посоветувате со вашиот доктор или фармацевт бидејќи таа може да предизвика и несакани ефекти.

Колку ехинацеата е моќен антибиотик и антисептик покажува и фактот што нејзиното лековито дејство било познато уште на старите индијански племиња, кои од ова растение правеле екстракт кој го користеле против змиски каснувања или каснувања од други опасни и отровни животни. Главното дејство на ехинацеата е јакнење на имунитетот, и решавање на скоро сите типови на воспаленија, ехинацеата е без сомневање еден од најмоќните природни антисептици.

Ехинацеата е добра при чести инфекции на грло, афти, инфекции на препони, кожни реакции предизвикани од бактерии, при состојба на пад на имунитетот, грип и други слични состојби. Сепак мораме да нагласиме дека ехинацеата е лек кој не треба да се користи повеќе од неколку недели, таа е за краткотрајна и брза терапија, не за постојана употреба.

Кој НЕ смее да ја користи ехинацеата?
Луѓе заболени од автоимуни заболувања
Лупус
Ревматоиден артрит
СИДА
Мултипла склероза
Вродени колагенози
Деца помлади од двaнаесет години
Бремени жени
Доилки
Луѓе кои се на имуносупресивна терапија
Луѓе кои примаат бета блокатори
Луѓе кои земаат антидепресиви и сл.

Чај од ехинацеа
За да го подготвите чајот потребно е 30 до 50 грама исецкан корен од оваа билка. Потопете го исецканиот корен во еден литар топла вода и оставете да отстои десет минути. Пијте 3 до 5 мали шољи секој ден додека да се ослободите од заболувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e