Модерна ќе развие дополнителна доза од вакцината за „омикрон” сојот на коронавирусот

Компанијата Модерна соопшти дека има намера да развие засилувачка доза на антиковид вакцината, специјално насочена кон новиот вид на вирусот – омикрон, што е откриен во Јужна Африка, а Светската здравствена организација го опиша како „загрижувачки”.

„Модерна брзо ќе развие кандидат за вакцина за засилувачката доза специфична за омикрон сојот”, се наведува во соопштението на американската компанија.

Советодавниот панел на Светската здравствена организација (СЗО) вчера го класифицираше новиот сој на коронавирус , откриен во Јужна Африка, како „загрижувачки и високо пренослив вирус” и го нарече омикрон.

Во истата категорија е и делта сојот на вирусот што стана доминантен во светот.

Бројни земји ширум светот, вклучувајќи ги САД, Канада, ЕУ и други, вчера експресно воведоа ограничувања за патување од земјите во јужна Африка поради новиот сој на вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e