Многу е важно во кој дел од денот и во колкава количина го консумирате медот

На сите нѝ е добро познато дека медот позитивно влијае на имунитетот, меѓутоа количината на овој природен засладувач не е секогаш иста за секого, предупредува руската нутриционистка Ана Кошечкина.

„Не постојат јасни стандарди кои би ја одредувале точната количина на мед која може да се внесе во текот на денот. Ако лицето јаде многу слатки, јаглехидрати, глукоза и фруктоза секој ден, тогаш секако не треба да претерува со медот.

Можеме да претпоставиме дека просечен човек дневно внесува околу 100 грама шеќер, а препораката е нешто помала – од 70 до 90 грама. Шеќерот се наоѓа во речиси сите намирници, па затоа треба да внесувате од 3 до 5 лажички мед дневно за да имате корист, но не и да му нанесете штета на телото како зголемување на телесната тежина, појава на кариес…“, објаснува Кошечкина.

Покрај количината, многу е важно и во кое доба од денот го консумирате медот.

„Мислам дека зависи од тоа со што го земате. Ако се комбинира со производи кои содржат кофеин, тогаш е подобро наутро. На пример, чајот или кафето со мед е најдобро да го пиете претпладне.

Медот нема супстанци за кои е важно да се земаат во некое одредено доба од денот, но поради фактот што содржи јаглехидрати, веројатно е подобро да го консумирате во првата половина од денот, така што телото ќе има време неговите состојки да ги искористи за енергија, а не за масти“, советува руската нутриционистка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e