Марулата ќе трае подолго со овој трик

Марулата е многу здрава, освежителна и е омилена летна салата. Можете да ја јадете заедно со најразличен зеленчук, а најубавата секогаш можете да ја најдете на пазарот. Сепак, одењето на пазар секој ден не е многу практично и немаме секогаш време за тоа, затоа најчесто купуваме повеќе салати наеднаш, но за жал таа може за брзо време да свене доколку остане во фрижидер извесно време, а уште побрзо доколку остане надвор од него во кеса.

Сепак, постои трик како да ја сочувате свежината и вашата зелена салата да не се исуши значително подолго време.

Измијте ги листовите од зелената салата и делумно исушете ги, одвојте ги листовите и наредете ги на хартиена крпа, со лесни движења, без стискање замотајте ја салатата во хартиена крпа, а потоа ставете ја пластична ќеса. Пред да ја затворите ќесата, обидете се да го истиснете воздухот од неа за да создадете еден вид вакум што заедно со влажноста ќе ја одржува салатата свежа. Ќесата со салатата салата чувајте ја во фрижидер и извадете ја само количината што ви е потребна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e