Мафини со ореви и банани

Нпаравете меки и неодоливо вкусни мафини со ореви и банана и збогатето го вашето мени на десерти.

Потребни состојки:

1 шолја интегрално брашно

Половина шолја бело брашно

1 лажичка прашок за печиво

1 лажичка цимет

Половина лажичка сода бикарбона

Половина лажичка сол

5 лажици кокосово масло

¼ шолја јаворов сируп

Лажичка екстракт од ванила

Две белки

3 зрели банани

Половина шолја сечкани ореви

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени и подгответе го тавчето за мафини. Измешајте интегрално и бело брашно, прашок за печиво, цимет, сол, сода бикарбона.

Во друг сад измешајте кокосово масло, кафеав шеќер, јавороп сируп, екстрат од ванила и белките и соединете ја смесата. Додајте ги бананите кои претходно ќе ги згмечите со вилушка. Соединете со сувите состојки и додајте сечкани ореви. Сипете ја смесата во калапот за мафини и печете околу 20-25 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e