Луѓето кои ова време си легнуваат имаат ризик од срцеви заболувања

Студија во која учествувале 88.000 испитаници покажа дека оние кои си легнувале во период пред 22 часот и по 23 часот навечер развиле ризик од срцеви заболувања за 12% повеќе.

Телото има 24-часовен дневен ритам кој ги регулира физичките и менталните функции“, вели Давид Планс, еден од истражувачите.

Студијата покажа дека пораното или доцното легнување може да го наруши ритамот на телото, што може да резултира со срцеви нарушувања и болести.

Претходните студии ја нагласуваат поврзаноста меѓу срцеви заболувања и должината на сонот, а сега за првпат наместо на траење фокусот е поставен на самото време на легнување. Во студијата во траење од 10 години повеќе од 88.000 испитаници со помош на уреди бележеле кога си легнувале. По 5 години се покажало дека 3.172 учесници развиле некој вид срцеви заболувања како срцев удар, срцев застој или напад.

Според студијата, најризично време за легнување е по полноќ затоа што телото е во состојба да го замени ноќното светло со утринското и автоматски да се наруши неговиот ритам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e