Ловоров лист: Еве кога и во кои јадења се додава

Ловоровиот лист е многу чест зачин на нашите простори. Се користи при подготовка на многу јадења, но не секој знае како најдобро да го искористи.

Еве шест совети за правилна употреба на ловоровиот лист:

1. Додадете го ловоровиот лист 5 минути пред да биде готова манџата, и 10 минути пред да бидат готови динстаните јадења.

2. Не додавајте ловоров лист во пилешката супа, инаку ќе го изгуби вкусот и мирисот.

3. Додадете го во ограничени количини во чорби од зеленчук или не додавајте воопшто, бидејќи овие јадења веќе се зачинети со зеленчук.

4. Не ставајте повеќе од 1-2 листови на литар течност, пишува Krstarica.

5. Пред да ги додадете ловоровите листови во садот, втријте ги еден со друг, аромата ќе стане поинтензивна.

6. Ловоровиот лист не го оставајте во готовото јадење бидејќи додава горчина. Треба да го извадите веднаш по готвењето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e