Летно освежување: „Пијана“ лубеница на француски начин

Со топлите денови и вечери, едноставно овој рецепт оди одлично – лубеница на француски начин, идеална за вистинско уживање.

Со само малку труд и ќе направите освежителен пијалок кој ќе ве олади и ќе ви го подобри расположението. Не се препорачуваат забави, затоа е најдобро да се подготви оваа пијана лубеница на француски начин за најблиското друштво, односно членовите на семејството.

Состојки:

1 голема лубеница

200 мл вотка

50 гр шеќер

12 листови од свежо нане

Подготовка:

Исчистете ја лубеницата и исечете ја на коцки. Во голем сад измешајте ги коцките лубеница, шеќерот, водката и листовите нане.

Покријте го садот со алуминиумска фолија и оставете да се излади еден до два часа.

Поканете ги пријателите и уживајте!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e