Лековит напиток од банани и мед кој спречува кашлица и воспалено грло

Благодарение на моќните својства на медот и бананата, ќе куртулите од болното и воспалено грло, кашлицата, а дури и од стомачните проблеми.

Потребни состојки:

400 мл зовриена вода
2 средни банани со црни точки
2 лажички мед

Излупете ги бананите и изгмечете ги со вилушка. Потоа ставете ги во лонец и додајте зовриена вода. Оставете ги половина час. Кога смесата ќе се излади, додајте мед. Важно е медот да го додадете последен, бидејќи, доколку го измешате со врела вода, ќе ги изгуби своите лековити својства.

Пијте по 100 мл од оваа напивка четири пати дневно. Количината на состојките од рецептот е доволна за еден ден, а наутро направете нова доза. Резултатите ќе бидат видливи после 5 дена!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e