Краставицата е лек за многу здравствени проблеми

Според народната медицина, консумацијата на краставицата го поттикнува ослободувањето на вишокот топлина од виталните органи, како и исфрлањето на насобраните токсини.

Краставиците изобилуваат со влакна и со вода, а содржат малку калории (само 16 во 100 г), па се вистински избор за оние што на здрав начин сакаат да изгубат вишок килограми.

Ја поттикнуваат дигестијата, бидејќи во кората содржат нестопливи влакна кои помагаат сварената храна побрзо да се движи низ цревата и го елиминираат отпадот од организмот.

Овој зеленчук е сочинет од дури 96% вода, па во летните месеци ја одржува хидрираноста на телото. Хидратацијата како што е неопходна за правилна функција на сите органи, така е важна и за изгледот на кожата и на лицето.

Во краставиците има и стопливи влакна кои во текот на дигестијата добиваат структура на гел, што дава подолго чувство на ситост.

Содржат лигнани и кукурбитацини, биоактивни супстанции кои имаат силно заштитно дејство на здравјето. Лигнаните во краставиците се борат против појава на рак на јајници, простата и дојки, а го чуваат и здравјето на срцето. Некои научните истражувања докажале дека краставиците можат да ги елиминираат клетките на канцер или да го сопрат нивниот раст.

Можат да намалат хипертензија и хипергликемија, а имаат и силни антиоксидантни и антиалергиски својства. Освен витамин Ц, содржат и флавоноиди, како кверцетин и кемферол и влијаат врз здравјето на кожата.

Се борат против дијабетес, го намалуваат нивото на холестерол, го чуваат здравјето на мозокот, го чуваат здравјето на зглобовите, ублажуваат артритис и го намалуваат стресот.

Можете да ги јадете свежи, како салата, но и да приготвите кашест сок кој ќе го пиете секое утро на празен стомак. На тој начин ќе му ја обезбедите на телото потребната доза енергија, како и витамини и минерали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e