Компјутерското глувче 11 пати повалканo од тоалетната школка

За оние кои бараат дополнителни причини да избегнат враќање во канцеларија, истражувачите открија места полни со бактерии и други нечистотии на работното место.

Со анализа на местата кои најмногу се допираат во текот на работниот ден, откриле габи и бактерии.

Најзагадено било компјутерско глувче, а на него билe пронајдени 11 пати повеќе нечистотии отколку на тоалетна школка.

Надвор од канцелариското биро, заедничката кујна имала најневидлива нечистотија, особено бојлерот и фрижидерот.

Поради пандемијата, сите сме навикнати да користиме гел за раце, но и шишињата што го содржат се полни со нечистотија, покажуваат истражувањата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e