Kокосовото масло и грозјето ја прават кожата помазна

Нахранете ја кожата на лицето со кокос и грозје и гледајте како несовршеностите и брчките исчезнуваат.

За кожата на лицето најдобри се маските од природни состојки кои можете да ги направите сами. Употребата на овошјето и зеленчукот за секојдневна нега на кожата не е новина. Доколку до сега не сте ги користеле, ви препорачуваме да ги внесете во употреба.

Кокосовото масло е одлично за чистење на шмината, делува антибактериски, ја чисти проблематичната кожа и ја хидрира. Нанесете тенок слој на лицето, држете чист пешкир натопен со топла вода околу триесетина секунди, а потоа отстранете го вишокот од кокосовото масло.

За маската со грозје, потребни ви се: десет зрна грозје, 2 лажички чај од камилица и 2 лажички пченкарно брашно. Помешајте чај од камилица и пченкарно брашно за да добиете паста, па здробете го грозјето внатре. Нанесете ја маската на лицето и оставете да отстои 15 минути. После тоа, нанесете хидратантна крема.
Грозјето е богато со антиоксиданти и делува како превенција против стареење. Освен тоа, содржи витамин Е.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e