Kокосовото масло е поштетно од свинската маст

Иако во текот на изминатите години кокосовото масло се најде на списокот на супернамирници со тврдењето дека има здравствени придобивки, една професорка од Харвард предупредува на неговото штетно дејство.

Д-р Карин Мајклс, професор во Школата за јавно здравје на Харвард и директор на Институтот за превенција и епидемиологија на тумори, го изнела своето мислење за кокосовото масло во текот на предавањето под наслов: “Кокосово масло и други нутритивни грешки”.

Во говорот одржан на универзитетот Фрајбург, д-р Карин истакнала дека “кокосовото масло е една од најлошите намирници која можете да ја консумирате” токму поради штетниот ефект кој го имаат заситените масни киселини врз вашето тело.

Нејзиното излагање се спротивставува на врежаното верување дека кокосовото масло е добро по здравјето. Досега, ова масло се сметаше за суперхрана, а експертите ширум светот го препорачуваа како намирница која треба да се користи при припрема на речиси секое јадење.

Според мислењето на Мајклс, “консумирањето на кокосовото масло е многу поштетно од готвењето на свинска маст” бидејќи ова масло претежно се сочинува од заситени масни киселини.

Националната здравствена служба соопштува дека консумирањето на храна која содржи заситени масни киселини може да го зголеми ризикот од развој на коронарни срцеви заболувања, поради зголеменото ниво на лошиот холестерол во крвта.

Од друга страна, храната која е богата со здрави незаситени масти е масната риба, јаткастите плодови, семињата, билните масла и авокадото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e