Која храна најмногу го стимулира растот на косата?

Секој сака бујна коса, но широк спектар на фактори, од генетика до хормони и исхрана, одредуваат колку брзо ви расте косата.

„Здравата исхрана и здравата коса одат рака под рака. Во двата случаи, внесувањето доволно протеини со фокусирање на здрава растителна храна ќе ви помогне да ги добиете хранливите материи, антиоксиданси во антиинфламаторните соединенија поврзани со поздрава коса“, вели нутриционистката Саманта Касети.

Со други зборови, исхраната богата со витамини и минерали помага во растот на косата и гарантира дека ќе избегнете опаѓање на косата поврзано со недостаток на хранливи материи.

„Здравата коса зависи од одредени хранливи материи, како што се протеини, биотин, витамин А и витамин Ц“, додава Касети. Железото и омега-3 масните киселини се одговорни за растот на косата, додава таа.

Ако ви се чини дека губите повеќе коса од вообичаено или едноставно не расте толку брзо колку што сакате, најдобро е да се консултирате со експерт. Во меѓувреме, можете исто така да се обидете на вашето мени да додадете повеќе храна што го поттикнува растот на косата.

Според диететичарите, тоа се јогурт, јагоди, прокељ, лосос, јајца, леќа, тофу, наут, инчуни, туна, црвено месо, јаткасти плодови и семки, масло од црн дроб на бакалар и сардини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e