Кои се здравствените придобивки од црешите?

Црешите се многу корисни по здравјето. Го подобруваат сонот, ги намалуваат маснотиите на стомакот, го штитат срцето и имаат и други здравствени придобивки.

100 грама цреши содржат 52 калории. Ова овошје се состои од 82 отсто вода, 16 отсто јаглехидрати, 1 отсто протеини и практично нема масти (0,2 отсто).

Црешите содржат голема количина на витамин А, Б1, Б2, Ц, Е, минерали (калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум, натриум и јод) и органски киселини, шеќери (фруктоза, глукоза), пектински супстанци и голема количина на антоцијанини – супстанци од флавоноидна група.

Како црешите влијаат на здравјето?

Штитат од дијабетес

Црешите имаат гликемиски индекс 22, понизок од кајсиите (57), грозјето (46), праските (42), боровинките (40) или сливите (39), што ги прави одличен избор за сите кои патат од дијабетес.

Го подобруваат сонот

Според бројни истражувања, сокот од вишни и цреши го стимулира производството на мелатонин кој е неопходен за здрав сон.

Ги намалуваат масните наслаги на стомакот

Црешите помагаат во согорување на мастите во пределот на стомакот, потврдуваат експерименти спроведени на глувци кои биле изведени со помош на прав добиен од ова овошје.

Го намалуваат ризикот од Алцхајмерова болест

„Alzheimer’s Association“ ги класифицира црешите како храна која го подобрува помнењето бидејќи се богати со антиоксиданти.

Го намалуваат холестеролот

Антоцијанините – пигменти кои им ја даваат црвената боја на црешите – го забрзуваат метаболизмот на мастите и глукозата, со тоа намалувајќи го нивото на холестерол, крвен притисок и ризик од дијабетес.

Подмладуваат

Црешите се богати со антиоксиданти кои му помагаат на телото во борбата против слободните радикали, кои го забрзуваат стареењето. Сокот од ова овошје се препорачува како алтернативен третман кај различни состојби на кожата.

Ги намалуваат болките во мускулите

Група маратонци кои пиеле сок од цреши по трките ги потврдила благотворните ефекти врз мускулите – воспаленијата и болките значително биле помали.

Го регулираат крвниот притисок

Калиумот помага во регулирање на срцевата фреквенција и крвниот притисок и го намалува ризикот од хипертензија, додека фитостеролите помагаат во намалување на лошиот холестерол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e