Кои се придобивките од умереното консумирање на пивото?

Од 2007 година до 2020 година тим научници во Шпанија спроведе истражување за влијанието на алкохолните пијалаци по здравјето на луѓето.

Еден од заклучоците до кои дошле научниците е дека умерената консумација на пиво има добро влијание на здравјето. Еден пијалак дневно за жени и два за мажи се максимум, тврдат тие.

Кои се придобивките?

Умерената консумација пиво штити од кардиоваскуларни болести

Истражувачите тврдат дека пет од шест студии одбрани за преглед тврдат дека умереното пиење алкохол може да штити од развој на кардиоваскуларни болести.

Пивото штити од развој на дијабетес

Истражувачите изјавиле дека мажите кои не пијат алкохол се под поголем ризик од развој на високо ниво на глукоза од оние кои повремено пијат пиво.

Пивото се поврзува со здравјето на густината на коските

Ако ја набљудуваме густината на коските и опасноста од кршење кај повозрасните, истражувачите тврдат дека оние кои дури и малку пиеле пиво се во помала опасност.

За тоа понудиле и научно објаснување дека состојки од пивото ја поправаат структурата на коските и помагаат за обновување на коските и забите.

Пивото може да го намали холестеролот

Неколку студии укажуваат дека пивото може да го развие добриот холестерол и да го регулира производството на лошиот во телото, благодарение на високиот процент антиоксиданси.

Важно е да се спомене дека ова се случува кога се консумира многу мала количина пиво, пишува Eat This, Not That.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e