Кои се причините за летната главоболка?

Соработниците на германскиот институт за главоболка во Келн забележале зголемување на бројот на луѓе кои се жалат на главоболки во текот на летото

Според нивните податоци, речиси 30 отсто од луѓето пријавуваат повеќе главоболки, за кои тврдат дека се сезонски и предизвикани од летните навики. Меѓу причините е дури и прекумерното консумирање на сладоледи, па овој тип на главоболка го нарекоа главоболка од сладолед.

Германски невролози објавија совети како да ја спречите главоболката.

Носете очила и капа

Силната сончева светлина ги иритира мозочните нерви. Може да предизвика главоболки, но и да биде поттик за мигрена. Носењето наочари, шешир или капа на топло е задолжително.

Јадете солено

Кога се потиме, нашето тело губи течности и важни минерали. Протокот на крв во кожата се зголемува и крвниот притисок се намалува, а со тоа предизвикува главоболки. Во топло време, се препорачува да пиете најмалку литар течност повеќе отколку што обично пиете. Грицкањето солени закуски, како што се грисините, ќе помогне да се компензира загубата на минерали.

Прилагодете се на температурата

Големата температурна разлика помеѓу надворешната и температурата во просторот каде што се наоѓате е потенцијален поттик за главоболки. Доколку разликата е повеќе од пет степени, се препорачува да се завиткате во џемпер, барем да ве стопли додека телото не се аклиматизира на пониски температури.

Користете послаби парфеми

Поубаво го чувствуваме мирисот кога е топло, па луѓето кои патат од мигрена се екстра чувствителни. Внимавајте и изберете лосиони без силен мирис.

Побавно пијте ги ладните пијалоци

Многу ладни пијалоци или сладолед, по кои сите посегнуваме на жешкото, може да бидат виновници за таканареченото „замрзнување на мозокот“ или главоболка од сладолед. Контактот со студ кога сте прегреани ги шокира невротрансмитерите во мозокот, а тој реагира со главоболка, објаснуваат германските научници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e