Кога немате пари, овие евтини намирници се најздравиот избор

Цените на многу прехранбени производи со годините само растат, а здравата храна е особено скапа. Затоа исхраната богата со нутритивни вредности може да биде значаен товар за буџетот на домаќинството.

Сепак, важно е да се грижите за урамнотежена диета која е клучна за здравјето. Но, не сите здрави јадења се скапи, така нутриционистите Тоби Амирдор, Витни Енглиш и Сандра Алонен издвоија неколку кои би можеле да ги соберете во вашето мени во тие денови кога состојбата во вашата банкарска сметка не е баш чудесна.

Грав

Без разлика дали купувате конзервиран или рефус грав, нутриционистите се согласуваат дека тоа е одлична и евтина храна. Богата е со протеини и минерали како железо и цинк.

Цели зрна

Цели зрна, како што е киноа или кафеав ориз, се одличен додаток на многу јадења, а со малку имагинација може да станат здрав самостоен оброк.

На пример, кафеавиот ориз е богат со растителни влакна и протеини, како и со хранливи материи како што се Б витамини, магнезиум, манган, железо, фосфор, калиум и цинк.

Овес

Експертите се согласуваат дека овесот е исклучително достапен извор на протеини, минерали и растителни влакна што ќе ве задржи сити подолго време.

„Јас секогаш комбинирам овес со богат извор на витамин Ц, како јагоди, за да ја зголемам апсорпцијата на железо од овес“, вели Витни Енглиш, објаснувајќи: „Витаминот Ц ја зголемува апсорпцијата на железо за 3 до 6 пати. Ако немам свежи бобинки при рака, користам замрзнати, кои се подеднакво богати со хранливи материи.“
Замрзнато овошје и зеленчук

„Замрзнатото овошје и зеленчук ги содржат сите исти хранливи својства како свежото затоа што тие се замрзнати во најголема зрелост“, вели нутриционистот.

Јајца

Тие се релативно евтин извор на протеини. Нутриционистите велат дека јајцата се совршен протеин затоа што содржат есенцијални аминокиселини и холин, што е одличен за здравјето на мозокот.

Компири

„Ако го јадете со кора, еден среден компир обезбедува 30 проценти од дневната препорачана количина на витамин Ц, заедно со јаглехидрати, растителни влакна, витамин Б6 и калиум“, вели Амидор.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e