Кое грозје е поздраво – црното или белото?

И белото и црното грозје се сметаат за здрави, но ако некогаш сте се запрашале дали едното е поздраво од другото, го имаме одговорот.

И двата вида овошје го забавуваат стареењето, поволно влијаат на кожата, содржат многу влакна со помош на кои се подобрува варењето, полни се со витамини и се одлични за имунитетот. Тие исто така помагаат во стабилизирање на шеќерот во крвта, а сите овие добри ефекти ги имаат благодарение на една клучна состојка – ресвератрол.

Единствената разлика помеѓу црното и белото грозје е што црното содржи многу повеќе ресвератрол. Сепак, тоа не значи дека треба да јадете само црно грозје и да заборавите на белото.

Најпрвин, идејата не е да внесувате што е можно повеќе ресвератрол, и второ, белото грозје содржи една компонента што црното воопшто ја нема – станува збор за катехините.

Катехините се многу моќни антиоксиданти кои имаат силно антивоспалително дејство. Не само што ја чистат кожата и го враќаат нејзиниот сјај, туку делуваат и против бактериски и габични инфекции во телото и ги чистат цревата.

Затоа, да резимираме – црното грозје содржи повеќе ресвератрол, но белото грозје содржи катехини, така што едно грозје не може да замени друго бидејќи имаат различни ефекти, па затоа треба да ги јадете и двата вида.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e