Килограмите ви се лепат, диети не ви помагаат? Ако сте над 40 години ова ќе ви помогне

Од триесеттиот роденден, телото природно почнува да губи мускулна маса, а потоа, за жал, многу полесно се таложат масни наслаги. За да го спречите тоа, треба да воведете редовно вежбање како и промени во вашето мени.

За да ја сочувате мускулната маса, важно е да го зголемите внесот на протеини, а за диета, важно е што почесто да ги јадете овие 5 намирници.

Ленено семе

Ова ситно семе е полно со омега 3 масни киселини, потсетува нутриционистката Лиса Јонг. Исто така, многу е богато и со влакна кои даваат чувство на ситост, а не носат нови калории.

Бобинки
Малините, капините, јагодите и боровинките се идеален додаток за овесна каша или смути за појадок. Еден сад од ова овошје со малку мед може да биде одлична закуска. Бобинките имаат фантастични хранливи материи, полни се со антиоксиданси, но и многу влакна.

Авокадо
Половина авокадо е доволно да бидете сити барем три до четири часа, тврдат нутриционистите. Ова овошје е многу калорично, но е многу здрава замена за масните намази како путер или мајонез.

Јаткасти плодови
Оревите, бадемите, лешниците, како и семките од сончоглед и тиква можат да бидат многу здрави закуски. Тие содржат многу влакна, протеини и здрави масти. Покрај тоа, тие имаат и антиоксиданси како витамин Е, флавоноиди и ресвератрол. Тие можат да помогнат и во исхраната, но и со поголема чувствителност на инсулин.

Кисела зелка
Со многу малку калории и многу влакна, киселата зелка дава чувство на ситост и може да го задоволи гладот за друга, помалку здрава храна. Пробиотиците и пребиотиците што ги содржи ја намалуваат апсорпцијата на мастите. Богата е со важни состојки како што се железо, фолна киселина, манган, витамини Ц и К1, бакар и калиум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e