Какви ефекти имаат цртаните филмови врз децата?

Децата обожаваат да гледаат цртани филмови, а токму цртаните се еден вид спој меѓу два света, оној на возрасните и детскиот свет на фантазијата.

Цртаните филмови имаат големо влијание на децата, тие влијаат на нивното однесување и размислување, на нивните постапки и одлуки. Тоа е особено изразено денес, кога родителите сè помалку и помалку учествуваат во раснењето на децата и воопшто во нивните животи. Воспитувачи и пријатели им стануваат имагинарни ликови кои стануваат олицетворение на сето тоа што децата го сакаат и настојуваат да го добијат од родителите.

Цртаните ликови стануваат јунаци кои преку медиумите ја преземаат воспитната и едукативната улога. Токму затоа се поголем проблем е насилството во анимираните филмови, бидејќи децата го имитираат. Тие се поистоветуваат со анимираните ликови кои стануваат нивни идили. Децата не можат да ја разликуваат фикцијата од реалноста, па го прават тоа што го гледаат, без ралзика колку е лошо.

Бројни научни студии покажуваат дека децата изложени на гледање насилство на екраните од најмала возраст, подоцна растат во физички и вербално поагресивни. Постојат два вида ефекти од насилните содржини, краткорочно и долгорочно.

Под краткорочно се подразбираат оние се појавуваат по изложеност на медиумските содржини, додека долгорочни ефекти се појавуваат по изложеност на такви содржини во текот на неколку седмици, па и месеци.

Истражување спроведено од Универзитетот во Ајова даде поразителни резултати. Се покажа дека количината насилство во програмите за деца е значително поголема во онаа наменета за општата публика.

Зошто некој би поттикнал насилство меѓу децата?

Причината лежи во заработката. Целата програма за деца, односно анимираните филмови се проследени со голем број производи. Само во САД брендовите кои се базираат на детски анимирани ликови заработија над 92 милијарди евра. за да го постигна тота, во нивните програми воведуваат примарни емоции кои силно влијаат на паметењето, учењето и однесувањето. Емоциите како страв, тага, возбуда и среќа стануваат составен дел од сите содржини наменети за возрасните и децата.

Гледањето такви содржини стимулираат наплив на адреналин и состојба на возбуденост. Доаѓа до излачување на ендорфин и активирање на чувството на пријатност кое детето подоцна настојува повторно да го доживее, како на пример, имитирајќи го однесувањето на Маша од цртаниот „Маша и Медо“. Огледалните неврони го условуваат имитирањето на оние постапки кои првобитно довеле до некои од наведените чувства. Токму затоа децата се во состојба да минат часови гледајќи анимирани филмови, просто стануваат зависни од адреналинот.

Треба да се запамети дека децата по природа не се насилни, тие го учат таквото однесување кое со текот на времето го усвојуваат како нормално, особено ако со негова помош го остваруваат тоа што го сакаат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e