Како влијае поместувањето на стрелките на часовникот врз организамот?

Иако Европската комисија(ЕК) пред три години предложи укинување на сезонското поместување на стрелките на часовникот, летното сметање на времето беше завршено синоќа низ Европа.

Луѓето ги поместија стрелките на часовникот од три на два и на тој начин си обезбедија уште еден час безгрижен сон.

Како поместувањето на стрелките влијае на нашиот организам?

Секогаш кога ги движиме стрелките на часовникот, телото претрпува мали промени.

Според експертите, на оваа промена телото повеќе реагира од психолошки аспект, бидејќи однапред знаеме дека стрелките ќе се поместат и дека тоа најверојатно ќе влијае на нас.

Промените кои се можни и чести се: несоница, пад на концентрацијата и главоболка.

За среќа, нашето тело многу брзо се прилагодува на новонастанатата ситуација и се враќа во нормала.

Инаку, лекарите ширум светот со години се залагаат да се запре поместувањето на стрелките на часовникот, а минатата година се навестуваше дека нема да ги поместиме годинава, но тоа не се случи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e