Како стресот влијае на кожата?

Нивото на стрес влијае на вашиот тен, на зголемената појава на екцем и вообичаените проблеми пред спиење. Според дерматолозите, луѓето кои се под стрес страдаат од сува кожа, подочници и потечени очи.

Стресот влијае на здравјето на цревата кое е поврзано со здравјето на кожата, како и на здравјето на мозокот и имунитетот.

На нашата кожа и мозокот влијаат истите хормони што значи дека кога сме под стрес, нашиот нервен систем излачува кортизол(хормон на стрес) кој се ослободува во телото.

Ова е добар механизам кога станува збор за избегнување опасност, но кога постојано сте под стрес, ова има негативно влијание врз вашето здравје. Ако сте под стрес недела дена, еден месец или една година, вашето тело, особено кожата, ги пропушта важните хранливи материи и го успорува растот на нови клетки на кожата.

Најдобриот начин да го поправите тенот е да се посветите на решавање на проблемите, а не да го „нападнете“ телото со креми и лосиони.

Дерматолозите препорачуваат ублажување на стресот со медитација и исхрана богата со антиоксиданти. Исто така препорачуваат да се наспиете убаво, да пиете многу вода и да се грижите за здравјето на цревата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e