Како правилно се пијат антибиотици и лекови за штитната жлезда?

Антибиотиците и лековите за штитната жлезда се силни медикаменти кои се земаат само и единствено по препорака на лекар. Но, што ако во редовната терапија за тироидната жлезда ни се „вмеша“ здравствен проблем кој мора да се лечи со антибиотици, па истовремено мора да ги пиеме двата лека?

На што треба да се внимава?

Истовремено конзумирање на лековите за штитната жлезда и антибиотик може да влијаат на апсорпцијата на лекот за тироидната жлезда, односно таа може да биде или намалена или зголемена.

Истажување на списанието „Тироид“ заклучило дека антибиотикот „цирофлоксацин“ значително ја намалува апсорпцијата на лекот за штитната жлезда, а слично влијаат и останатите антибиотици, посебно ако се работи за хипотиероза.

Основно правило е овие два лека да не се пијат во исто време, односно потребно е половина час да постои разлика меѓу двата лека.

Од друга страна некои други антибиотици може значително да ја зголемат апсорбцијата на лекот за штитна жлезда.

Во ситуации во кои не може да се избегне правилото за половина час, може лековите да се земаат заедно, но тогаш обично треба да се земе поголема доза од лекот за штитната жлезда. Тоа исклучиво го прави интернистот или тиреологот, кој се грижи за правилно функционирање на тироидната жлезда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e