Како до мазни, сочни и убави усни?

Хидратацијата на усните е особено важна!

Освен преку ден (и тоа неколку пати), нанесете мелем пред спиење за да се разбудите наутро со убави и негувани усни.

Масирајте ги усните со чиста крпа неколку минути, измијте го лицето, потоа нанесете тенок слој вазелин или било кој негувачки балсам за усни што содржи хранливи масла, витамин Е или алое вера.

Не ги лижете усните со јазикот

Плунката дополнително ја суши кожата.

Не лупете или грицкајте…

… исушените делови од кутикулата на усните, бидејќи ќе создадете уште поголем проблем, а раните ќе заздрават уште потешко.

Додека усните не закрепнат…

… избегнувајте мат кармин, и ако не можете да се откажете од него, користете специјални навлажнувачки креми пред да го нанесете. За да обезбедите неодолив изглед и свежина, нанесете слој мелем над карминот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e